Yunus Kaymaz
04 Јули 2018•Ажурирај: 05 Јули 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Со синоќешните средби Шведска - Швајцарија и Колумбија - Англија завршија осминафиналните натпревари од Светското фудбалско првенство Русија 2018, пишува Anadolu Agency (AA).
Во првиот натпревар кој се одигра во 16:00 часот, Шведска успеа да ја совлада Швајцарија со 1:0. Единствениот погодок за Шведска го постигна Форсберг во 66. минута од натпреварот. Во судиското продолжение 90+4 минута, Швајцарецот Ланг направи прекршок, по кој судијата досуди удар од 11 метри и му додели црвен картон на Ланг. По прегледувањето на снимката преку системот ВАР (видеопомошник-судија), ударот од белата точка беше поништен.
Во вториот осминафинален натпревар се сретнаа Колумбија и Англија. Со погодокот од 11 метри, Хери Кејн ја доведе Англија во водство од 1:0 во 57. минута од натпреварот. Во судиското продолжување 90+3 минута, Колумбија успеа да изедначи на 1:1 со погодокот на Мина. Регуларниот тек на натпреварот заврши нерешено и натпреварот продолжи со две продолженија по 15 минути. Откако и по одиграните 120 минути средбата заврши нерешено 1:1, се премина на изведување на ударите од 11 метри. Англија беше поуспешна во изведувањето на пеналите и извојува победа од 4 : 3 за пласман во четвртфиналето на СП Русија 2018.

Со овие два натпревари, завршија натпреварите од осминафиналето. Парови од четвртфиналето на СП Русија 2018 и полуфиналето се:
Четвртфинале -
Уругвај - Франција (6 јули, петок, стадион „Нижни Новгород“ - Нижни Новгород)
Бразил - Белгија (6 јули, петок, стадион „Казањ Арена“ - Казањ)
Русија - Хрватска (7 јули, сабота, стадион „Фишт“ - Сочи)
Шведска - Англија (7 јули, сабота, стадион „Космос“ - Самара)
Полуфинале -
Победници од средбите Уругвај - Франција/Бразил - Белгија
(10 јули, вторник, стадион „Санкт Петербург“ - Санкт Петербург)
Победници од средбите Русија - Хрватска/Шведска - Англија
(11 јули, среда, стадион „Лужинки“ - Москва)