Yunus Kaymaz
04 Јули 2018•Ажурирај: 04 Јули 2018
МОСКВА (AA) - Фудбалската репрезентација на Англија по подоброто изведување на пенали против селекцијата на Колумбија се избори за пласман меѓу осумте најдобри селекции на Светското првенство во Русија, јавува Anadolu Agency (AA).
Натпреварот кој вечерва се играше на „Откритие арена" во Москва по 120 минути игра, односно продолжетоците заврешен е со резултат 1:1. Погодокот за Англичаните го постигна Хери Кејн во 57 минута од пенал, додека Колумбија успеа да изедначи во третата минута од судиското надополнување со голот на Јержи Мајн.
Во продолжетоците не беше познат победникот, па натпреварот беше решен на пенали, каде со резултат 4:3, беа поуспешни Англичаните.
Англија во четвртфиналето ќе игра против Шведска која денеска ја совлада Швајцарија со 1:0. Натпреварот е на програма на 7 јули во сабота од 16 часот.