Dejan Maksimoviç
20 Март 2018•Ажурирај: 21 Март 2018
ФИРЕНЦА (АА) - Фудбалскиот клуб Фиорентина ќе го преименува тренинг-кампот откако капитенот на клубот, Давиде Астори, почина во сон на 4 март оваа година, јавува Anadolu Agency (AA).
Марио Коњињи, претседателот на Фиорентина, за италијанските медиуми изјави дека клубскиот тренинг-центар во иднина ќе се вика „Спортски центар Давиде Астори“.
Астори, кој имаше 14 настапи за италијанската репрезентација, почина на 31 година, вечерта пред натпреварот на гостувањето во Удинезе. Прелиминарните резултати од обдукцијата укажуваат дека најверојатната причина за смртта е застој на работата на срцето. Астори беше женет и имаше двегодишна ќерка.
Одличниот дефанзивец ја помина младинската школа во Милан, по што откако не доби шанса во првиот тим во 2008 година се пресели во Каљари. По осум години тој потпиша за Фиорентина.
Претходно, одигра една сезона во Рим како позајмен играч. За „виола“ одигра 109 официјални натпревари и постигна три гола.
Дресот со бројот 13 што го носеше Астори е повлечен во Фиорентина, но исто така, и во неговиот поранешен клуб, Каљари.