Dejan Maksimoviç
22 Ноември 2018•Ажурирај: 23 Ноември 2018
МАНЧЕСТЕР (АА) - Според наводите на британските медиуми, Манчестер Јунајтед стапил во контакт со Фиорентина за да се обиде да го донесе 21-годишниот српски дефанзивец Никола Миленковиќ, пренесува Anadolu Agency (AA).
Миленковиќ игра одлично оваа сезона. Беше стартер во сите 12 натпревари на Фиорентина во Серијата А, постигна два гола и го задржа статусот на стандарден репрезентативец на Србија, откако доби можност на Светското првенство во Русија минатото лето.
Наводно, Хозе Мурињо очајнички сака да го зајакне задниот ред на својот тим, кој оваа сезона прими дури 21 гол во 12 натпревари, а Миленковиќ е негова прва цел. Меѓутоа, Марио Когнини, претседателот на Фиорентина, во септември кажа дека во текот на летниот преоден рок ја одбиле понудата од 40 милиони евра за Миленковиќ.
Според британските медиуми, Фиорентина за Миленковиќ сака најмалку 55 милиони евра, а за него, освен Манчестер се заинтересирани уште Челси, Арсенал и Јувентус.
Миленковиќ во Фиорентина стигна од белградскиот Партизан за 5,1 милион евра. Освен за „црно-белите“, една полусезона беше позајмен во Телеоптик. Во дресот на репрезентацијата на Србија настапи десет пати.