спорт

Заврши групната фаза во УЕФА Лигата на нации

- Синоќа се одиграа последните 7 натпревари од 6. коло во лигите А, Б, Ц и Д со што заврши натпреварувањето во групната фаза на УЕФА Лигата на нации

Mutlu Demirtaştan  | 21.11.2018 - Обновена : 21.11.2018
Заврши групната фаза во УЕФА Лигата на нации

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - Со натпреварите што се одиграа синоќа, заврши натпреварувањето од групната фаза во УЕФА Лигата на нации, јавува Anadolu Agency (AA).

Синоќа се одиграа последните 7 натпревари од 6. коло во групната фаза на лигите А, Б, Ц и Д на УЕФА Лигата на нации.

Во Групата 3 од Лигата А, Португалија, која претходно го обезбеди првото место во групата, одигра 1:1 против Полска.

Во Групата 2 од Лигата Б, Шведска ја совлада Русија 2:0 и го освои првото место и пласман во Лигата А. Шведска и Русија имаат по 7 поени, но Шведска има подобар резултат во меѓусебно одиграните натпревари. Турција, како третопласирана во групата падна во Лигата Ц.

Во Групата 1 од Лигата Ц, Шкотска на свој терен го совлада Израел со 3:2, и го освои првото место во групата, што ѝ обезбеди пласман во Лигата Б. Албанија го освои третото место во групата и падна во Лигата Д.

Србија во Групата 4 од Лигата Ц како домаќин ја совлада Литванија со резултат 4:1 и го освои првото место во групата, што ѝ овозможи пласман во Лигата Б. Литванија како последнопласирана во групата падна во Лигата Д.

Во Групата 3 од Лигата Д Косово го совлада Азербејџан со 4:0 и како првопласирана избори пласман во Лигата Ц.

Резултати:

Лига А

Група 3: Португалија - Полска 1 : 1

Лига Б

Група 2: Шведска - Русија 2 : 0

Лига Ц

Група 1: Шкотска - Израел 3 : 2

Група 4: Србија - Литванија 4 : 1

Црна Гора - Романија 0 : 1

Лига Д

Група 3: Малта - Фарски Острови 1 : 1

Косово - Азербејџан 4 : 0



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın