Alma Çekovic
19 Март 2018•Ажурирај: 20 Март 2018
МАДРИД (АА) - Кристијано Роналдо постигна четири гола во убедливата победа на Реал Мадрид против Жирона (6:3) и својот 50-ти хет-трик во кариерата, јавува Anadolu Agency (AA).
Португалецот по осми пат се запиша во листата на стрелците на сите натпреварувања.
Со синоќешната победа во 29. коло на Ла Лигата, Реал Мадрид се искачи на третото место на табелата зад Атлетико Мадрид и зад првокласната Барселона, од која „кралскиот клуб“ го делат 15 поени.
Реал во 11-тата минута почна да води со постигнатиот гол на Роналдо, по што гостите ремизираа со голот на Кристијан Стуани. Првото полувреме заврши со тој резултат.
Во 47. минута, Роналдо повторно го врати Мадрид во водство, а потоа во 59. минута му асистираше Лукасу Васкезе за 3:1. Жирона со вториот постигнат гол на Стуани дојде до 3:2, но Реал во 64. минута го зголеми водството со третиот гол од Роналдо.
Гарет Бејл го постигна петтиот гол за Реал, а Хуанпе, третиот за Жиронa. Во првата минута од судиското продолжение, Тони Крос му асистираше на Роналдо, го постигна 307. гол за клубот Мадрид, во кој игра од 2009 година.
Петкратниот освојувач на Златната топка оваа сезона постигна 34 гола во сите натпревари, од кои 22 во Ла Лигата.