Doga Kirmizioglu
06 Јуни 2019•Ажурирај: 09 Јуни 2019
АНКАРА (АА) - Новиот сопственик на клубот од италијанската прва фудбалска лига (Серија А), Фиорентина, е американскиот бизнисмен со италијанско потекло, Роко Комисо, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението објавено на интернет-страницата на клубот Фиорентина, 69-годишниот бизнисмен клубот го купил од семејството Дела Вале, по реализираните преговори во градот Милано.
Роко Комисо нагласи дека е љубител на италијанскиот фудбал.
„Задоволен сум што имам можност да помагам во пишувањето на нова страница во фудбалската историја на еден легендарен клуб како Фиорентина“, рече Комисо.
Според тврдењата на италијанските медиуми, Комисо клубот Фиорентина го купил за 160 милиони евра.