Hüseyin Burak Demirer
07 Јуни 2019•Ажурирај: 08 Јуни 2019
АНКАРА (АА) – Светското првенство во Формула 1 во 2019 година ќе продолжи во Канада со 7. трка на сезоната, јавува Anadolu Agency (AA).
Патеката „Жил Вилнев“, која се наоѓа во градот Монтреал, е во должина од 4.361 метар, а возачите ќе треба да извозат 70 круга.
Во сабота со почеток во 20:00 часот ќе се одржи трката за пол-позиција, а трката за Големата награда на Канада е закажана за недела, 9 јуни, со почеток во 20:10 часот.
Пред Големата награда на Канада, пласманот на возачите и тимовите е следниот:
- Пласман на пилотите:
1. Луис Хамилтон (Велика Британија): 137 поени
2. Валтери Ботас (Финска): 120 поени
3. Себастијан Фетел (Германија): 82 поени
4. Макс Верстапен (Холандија): 78 поени
5. Шарл Леклер (Монако): 57 поени
- Пласман на тимовите:
1. Мерцедес: 257 поени
2. Ферари: 139 поени
3. Ред Бул: 110 поени
4. Мекларен: 30 поени
5. Рејсинг Поинт: 17 поени