Admir Fazlagic
08 Јуни 2019•Ажурирај: 09 Јуни 2019
СКОПЈЕ (АА) - Фудбалската репрезентација на Северна Македонија на националната арена „Тодор Проески" вечерва беше поразена од репрезентацијата на Полска со резултат 0:1, во рамките на квалификациите за Европското првенство, јавува Anadolu Agency (AA).
Репрезентативците на Полска од Скопје заминуваат со три бода.
Во вечерашниот натпревар гостинската репрезентација беше поконкретна и создаде неколку посериозни шанси а првиот и единствениот гол на наптпреварот се случи во самиот почеток на второто полувреме, во 47 минута, кога Кристоф Пјонтек, по невнимание во одбраната, дојде до топка и постигна погодок кој беше решавачки на овој меч.
Во продолжение на натпреварот Полска имаше уште неколку шанси да го зголеми водството, а македонската репрезентација во завршницата не ги искористи своите неколку шанси со кои можеше да го израмни резултатот и да освои бод. Во последните минути од од натпреварот, домашната репрезентација одига со играч помалку. Муслиу кој заработи втор жолт, односно црвен картон.
Со вечерашната победа, Полска има 9 бода на табелата, Израел има 7 откако победи на гостувањето кај Латвија, Северна Македонија е трета со 4 бода, а потоа следуваат Австрија со 3, Словенија со 2 и Латвија која се уште нема освоено ниту еден бод.
Наредниот натпревар македонската репрезентација го игра во понеделник на националната арена „Тодор Проески" против Австрија.