ИСТАНБУЛ (АА) - Мутлу ДЕМИРТАШТАН
Спортскиот свет кој секој нареден ден сѐ повеќе се индустријализира, формираше економска средина која продолжува да генерира нови милијардери, пишува Anadolu Agency (AA).
Списанието „Форбс“ (Forbes) спроведе истражување за платите и приходите од рекламите на спортистите и нивните бонуси во периодот од јуни 2017 до јуни 2018 година. Според ова истражување, боксерот Флојд Мејведер е спортист со најголема заработка во 2018 година.

Во боксерскиот меч што го изведе против Ирецот Конор Мекгрегор, со кој заработи 275 милиони долари, и со дополнителните 10 милиони долари приход од реклами, Мејведер за периодот од една година со заработени 285 милиони долари се најде на врвот од листата на спортисти со најголема заработка во 2018 година. Благодарение на последните приходи од натпревари и спонзорства, Мејведер влезе во групата на спортисти-милијардери.
Мејведер во текот на својата кариера нема претрпено пораз. Благодарение на високите хонорари добиени во боксерските мечеви и од рекламите, севкупниот досега остварен приход на Мејведер изнесува 1,07 милијарда долари.
- Меси и Роналдо меѓу првите тројца
На листата на најплатени спортисти во 2018 година, по Мејведер се наоѓаат две фудбалски ѕвезди.
Аргентинскиот фудбалер во редовите на Барселона, Лионел Меси, со платата и бонусите од 84 милиони долари и приходи од спонзори во висина од 27 милиони долари, во 2018 година оствари вкупна заработка од 111 милиони долари, и се најде на 2. место на спортисти со најголема заработка во 2018 година.
Португалскиот интернационалец во редовите на Јувентус, Кристијано Роналдо, заработи 61 милион долари од плата и бонуси, и заедно со 47 милиони долари од реклами, со вкупна заработка од 108 милиони долари се најде на 3. место на листата на најплатени спортисти во 2018 година.
- Меѓу првите 10-мина, тројца фудбалери
Меѓу првите 10-мина спортисти со најголема заработка во 2018 година се најдоа тројца фудбалери.
Покрај Меси и Роналдо, на листата меѓу првите 10 најплатени спортисти се најде и бразилскиот фудбалер Нејмар.
Со платата и бонусите од 73 милиони и 17 милиони од спонзори, Нејмар во 2018 година оствари заработка од 90 милиони долари, со што се најде на 5. место на листата на најплатени спортисти во 2018 година.
На листата на најплатени спортисти во 2018 година се наоѓаат по двајца спортисти од американската кошарка и рагби, како и еден тенисер. Листата на најплатените спортисти во 2018 година, изгледа вака:
| Спортист | Држава | Спорт | Заработка ($) |
|---|
| 1 | Флојд Мејведер | САД | бокс | 285 милиони |
|---|
| 2 | Лионел Меси | Аргентина | фудбал | 111 милион |
|---|
| 3 | Кристијано Роналдо | Португалија | фудбал | 108 милиони |
|---|
| 4 | Конор Мекгрегор | Ирска | боречки вештини | 99 милиони |
|---|
| 5 | Нејмар | Бразил | фудбал | 90 милиони |
|---|
| 6 | Леброн Џејмс | САД | кошарка | 85,5 милиони |
|---|
| 7 | Роџер Федерер | Швајцарија | тенис | 77,2 милиони |
|---|
| 8 | Стефен Кари | САД | кошарка | 76,9 милиони |
|---|
| 9 | Мет Рајан | САД | рагби | 67,3 милиони |
|---|
| 10 | Метју Стефорд | САД | рагби | 59,5 милиони
|
|---|
- Меѓу првите 100 спортисти, 40 кошаркари
Интересен е фактот дека според добивките во 2018 година, меѓу првите 100 спортисти во светот, 40 се кошаркари од Американската кошаркарска лига (НБА).
Во горниот дел од листата се најдоа имињата на кошаркарите, како што се Леброн Џејмс од Лос Анџелес Лејкерс (85,5 милиони долари), Стефен Кари од Голден Стејт Вориорс (76,9 милиони долари), Кевин Дурант (57,3 милиони), Расел Вестбрук од Оклахома Сити Тандер (47,6 милиони доалри), Џејмс Харден од Хјустон Рокетс (46,4 милиони долари).
Меѓу 100 најплатени спортисти во светот за 2018 година се најдоа 18 рагбисти, 14 играчи на бејзбол, 9 од фудбал, по 5-мина од голф и боречки спортови, 4 тенисери, 3 од мотоспортовите, 1 атлетичар и 1 играч на крикет.
Вниманието го привлече фактот дека од фудбалерите кои заземаат место меѓу првите 10-мина најплатени спортисти, само 9 се меѓу првите 100.
- Милијардери во светот на спортот
Мејведер, по Мајкл Џордан, Тајгер Вудс, Арнолд Палмер, Џек Никлаус и Михаел Шумахер е 6. спортист кој ја достигна цифрата од милијарда долари.
Лидер меѓу спортските милијардери е американската кошаркарска легенда Мајкл Џордан со заработка од 1,85 милијарда долари. Џордан, кој во својата 15-годишна кариера освои 6 шампионски титули на НБА, во кариерата заработи 93 милиони долари, а целата преостаната заработка ја доби од трговски договори и спонзорства.
Американскиот голф-играч Тајгер Вудс, кој во својата кариера освои 14 големи турнири, се наоѓа на 2. место со приход од 1,7 милијарда долари.
На 3. позиција со приход од 1,4 милијарда долари се наоѓа голф-играчот Арнолд Палмер кој почина во 2016 година, а по него следува друг голфер, Џек Никлаус, со заработка од 1,2 милијарда долари.
Германецот Михаел Шумахер, 7-кратниот освојувач на шампионската титула во Формула 1, со заработка од 1 милијарда долари се најде меѓу спортистите кои оствариле заработка од 1 милијарда долари. Шумахер, во 2013 година, за време на скијање на Алпите во Франција доживеа тежок пад по кој поголем дел од неговото тело е парализирано.
На листата на 20 спортисти со севкупна најголема заработка во светот, 13-мина се од САД.
| Спортист | Држава | Спорт | Заработка ($) |
|---|
| 1 | Мајкл Џордан | САД | кошарка | 1,85 милијарда |
|---|
| 2 | Тајгер Вудс | САД | голф | 1,7 милијарда |
|---|
| 3 | Арнолд Палмер | САД | голф | 1,4 милијарда |
|---|
| 4 | Џек Никлаус | САД | голф | 1,2 милијарда |
|---|
| 5 | Флојд Мејведер | САД | бокс | 1,07 милијарда |
|---|
| 6 | Михаел Шумахер | Германија | мотоспортови | 1 милијарда |
|---|
| 7 | Фил Микелсон | САД | голф | 815 милиони |
|---|
| 8 | Коби Брајант | САД | кошарка | 800 милиони |
|---|
| 9 | Дејвид Бекам | Англија | фудбал | 800 милиони |
|---|
| 10 | Шејкил Онил | САД | кошарка | 735 милиони |
|---|
| 11 | Леброн Џејмс | САД | кошарка | 730 милиони |
|---|
| 12 | Кристијано Роналдо | Португалија | фудбал | 725 милиони |
|---|
| 13 | Грег Норман | Австралија | голф | 705 милиони |
|---|
| 14 | Мајк Тајсон | САД | бокс | 700 милиони |
|---|
| 15 | Роџер Федерер | Швајцарија | тенис | 675 милиони |
|---|
| 16 | Лионел Меси | Аргентина | фудбал | 600 милиони |
|---|
| 17 | Алекс Родригез | САД | бејзбол | 575 милиони |
|---|
| 18 | Џеф Гордон | САД | мотоспортови | 525 милиони |
|---|
| 19 | Оскар де ла Хоја | САД | бокс | 520 милиони |
|---|
| 20 | Емануел Пакјао | Филипини | бокс | 510 милиони |
|---|