Şenhan Bolelli
27 Декември 2018•Ажурирај: 29 Декември 2018
МАДРИД (АА) - Португалецот Кристијано Роналдо кој го носи дресот на италијанскиот фудбалски клуб Јувентус, рече „не“ за расизмот во фудбалот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Роналдо реагираше против расистичките настани во италијанскиот фудбал кои започнаа со расистичките извици на навивачите на италијанскиот фудбалски клуб Интер против Сенегалецот Калиду Кулибали, кој го носи дресот на Наполи.
„Во светот и во фудбалот секогаш е потребна почит. „Не“ за секој вид дискриминација, напад и расизам“, напиша Роналдо во објава на Инстаграм.
На натпреварот меѓу Интер и Наполи одигран во 18. коло во Серијата А, францускиот фудбалер со потекло од Сенегал, Калиду Кулибали, кој го носи дресот на Наполи, беше цел на расистички извици на навивачите, а случајот предизвика реакции во земјата.
Италијанските медиуми и фудбалските авторитети ги критикуваа расистичките извици против Кулибали.