Dejan Maksimoviç
27 Декември 2018•Ажурирај: 28 Декември 2018
ЛОНДОН (АА) - Еден Азар, фудбалскиот репрезентативец на Белгија, во вторникот вечерта постигна 2 вредни гола за Челзи на гостувањето кај Ватфорд. Освен тоа што на својот тим му донесе три бода (2:1), влезе и во историјата на „сините“, бидејќи постигна 100 и 101 погодок. Такав подвиг направиле 10 играчи во историјата на Челзи, кој е основан во далечната 1905 година, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во текот на изминатаото лето, Азар многумина го поврзуваа со преминување во Реал Мадрид, најмногу поради изјавите во кои истакна дека негов сон како дете бил да заигра за „кралскиот клуб“. Но Азар ги демантираше наводите за заминување во Шпанија и остана во Лондон.
„Да се постигне 101 гол за овој неверојатен клуб е нешто што никогаш нема да го заборавам, но сега навивачите, персоналот од клубот и играчите сакаат повеќе. Сакам да постигнам уште 2 гола за овој клуб и тогаш да станам легенда како Дидје Дрогба, Френк Лампард и Џон Тери“, изјави Азар по натпреварот.
Најдобриот стрелец на Челзи на сите времиња е Лампард, кој постигна дури 211 гола. По него следуваат Боби Тамблинг со 202, Кери Диксон со 193, Дрогба со 164 и Рој Бентли со 150 гола.
По одиграни 19 кола во Премиер лигата, Челзи го зазеде четвртото место со 40 бода, 11 помалку од лидерот на табелата, Ливерпул.