Ekip
15 Јуни 2018•Ажурирај: 16 Јуни 2018
МОСКВА (AA) - Водството на Палестинскиот фудбалски сојуз може да биде соочено со казна од ФИФА поради повикот до навивачите да ги запалат фотографиите на Лионел Меси, доколку Аргентина одигра пријателски меч со Израел во Ерусалим, јавува Anadolu Agency (AA).
Од ФИФА соопштија дека покренаа дисциплинска постапка против претседателот на Палестинскиот фудбалски сојуз, Џибрил Раџуб, поради коментарите кои се најдоа во медиумите.
Аргентина го откажа пријателскиот меч претходно овој месец поради протестите на пропалестинските организации.
Раџуб ги повика арапските и муслиманските навивачи да ги запалат фотографиите и маичките со ликот на Меси, доколку го одигра натпреварот.
ФИФА не го одреди датумот на донесување на одлуката.