Doga Kirmizioglu
25 Октомври 2019•Ажурирај: 25 Октомври 2019
АНКАРА
Седумнаесеттата трка на сезоната во Мото ГП, која е една од најзначајните организации на мотоспортови во светот, ќе се одржи на 27 октомври во Австралија, јавува Anadolu Agency (AA).
На 17. трка во Мото ГП, пилотите ќе треба да извозат 27 круга на патеката „Филип Ајленд“, која е долга 4,4 километри и се наоѓа во австралиската сојузна држава Викторија.
Трката за класификации ќе се одржи утре во 6:05 часот, додека в недела, односно на 27 октомври во 6:00 часот ќе се одржи главната трка.
Првите пет имиња на листата по одржаните 16 трки се следни:
1. Марк Маркес (Шпанија): 350 поени
2. Андреа Довициозо (Италија): 231 поен
3. Алекс Ринс (Шпанија): 176 поени
4. Маверик Вињалес (Шпанија): 176 поени
5. Данило Петручи (Италија): 169 поени.