Muhammed Enes Çallı
25 Октомври 2019•Ажурирај: 27 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Охриѓанецот Џеди Осман и Кливленд Кавалирс постигнаа согласност за продолжување на договорот на уште четири години, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Џеди Осман се согласи на четиригодишно продолжување на договорот од 31 милион долари со Кавалирс“, соопшти Марк Стејн од НБА, преку социјалната мрежа Твитер.
Спортскиот новинар на „И-ес-пи-ен“ (ESPN), Боби Маркс, исто така рече дека Осман ќе заработи 8,6 милиони за првата година.
Пензионираната ѕвезда на НБА, Двејн Вејд, и словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ му честитаа на турскиот репрезентативец Осман на Твитер за неговиот нов договор.
Дваесет и четиригодишниот напаѓач во просек имаше 13 поени и 4,7 скока по натпревар за Кавалирс минатата сезона.