Mutlu Demirtaştan
06 Август 2017•Ажурирај: 07 Август 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Пилотот на „Репсол Хонда“, Шпанецот Марк Маркез, е победик во трката на Гран При шампионатот на Чешка, десеттата трка од светскиот шампионат на Мото ГП, јавува Anadolu Agency (AA).
Десеттата трка од светскиот шампионат на Мото ГП се одржа на пистата долга 5,4 километри, која се наоѓа во чешкиот град Брно, а пилотите се натпреваруваа во 22 круга.
Марк Маркез во трката започна од пол-позиција. Со овој триумф кој го постигна со време од 44.159.974, Маркез ја освои својата трета титула оваа сезона, додека ова е 32. победа во својата кариера во Мото ГП.
Второпласиран во трката за Гранд При на Чешка беше тимскиот колега на Маркез, Шпанецот Дани Педроса, а третопласиран беше пилотот на „Мовистар Јамаха“, Маверик Виналес.
Mаркез со оваа победа ги зголеми своите поени на 154.
Гран При на Австрија, единаесеттата трка од светскиот шампионат во Мото ГП, ќе се одржи на 13. август оваа година.