Dzihat Aliju
07 Август 2017•Ажурирај: 08 Август 2017
СКОПЈЕ (АА) - ЏИХАД АЛИУ - Градот Скопје е подготвен за натпреварот од Суперкупот на УЕФА, кој ќе се одигра на 8 август оваа година меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, јавува Anadolu Agency (AA).
Главниот град минува низ атрактивни денови поради фудбалскиот дуел помеѓу победникот од Лигата на шампоните на УЕФА, Реал Мадрид, и победникот од Европската лига на УЕФА, Манчестер Јунајтед, и продолжува да ги пречекува гостите кои доаѓаат од земјите ширум светот.
Во пресрет на натпреварот, кој ќе се одигра во Арената Филип Втори во Скопје, поставени се знамиња на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед на повеќе места низ градот, а на плоштадот „Македонија“ е организирана фан-зона каде што ќе се одвиваат разни активности. Во пресрет на Суперкупот во Скопје, посетен од голем број љубители на фудбалот од целиот свет, доминира возбудата.

- Навивачите на Мадрид се сигурни во победата, додека навивачите на Јунајтед се надежни -
Навивачите на Реал Мадрид се сигурни во победата на натпреварот, додека навивачите на Манчестер Јунајтед се надеваат на победа. Постојат и гледачи кои „неутрално ќе навиваат“ на овој фудбалски спектакл.
Лусијана Котинхо од Бразил, во изјава за АА истакна дека во Скопје дошла за натпреварот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.
Истакнувајќи дека Македонија е многу далеку од нејзината земја, Котинхо рече: „Ова место е многу далеку од мојата земја, но јас многу го сакам фудбалот. Затоа сакав да ја посетам оваа земја. И се разбира дека дојдов да го гледам Реал Мадрид“.
Од друга страна, навивачот на Манчестер Јунајтед, Килв од Хонг Конг, вели дека за првпат е во Скопје и се надева дека ќе победи неговот клуб.
„Можеби Манчестер ќе победи со 2:0. Од 1985 година го поддржувам Манчестер Јунајтед. Се надевам дека и двете екипи ќе одиграат убав натпревар, но Манчестер Јунајтед ќе победи“, нагласи Килв.
- Има и „неутрални навивачи“ кои пристигнаа да го следат дуелот -
Во Скопје се дојдени и „неутрални навивачи“ за Суперкупот. Мартон Ковач кој е дојден од главниот град на Унгарија, Будимпешта, пренесе дека најпрво го посетил Охрид, потоа дошол во Скопје.
Ковач истакна дека навива за екипа од унгарската лига, но посакува да следи еден натпревар со повеќе голови. „Јас и мојот другар го поддржуваме клубот 'Budapest Honved', а другите двајца другари клубот 'Ferencvaros'. Ова ни е наша прва посета на Скопје, ова е убав град“ рече Ковач.
И унгарскиот навивач, Золтан Гирис истакна дека не е навивач на ниту една од екипите кои ќе го играат утрешниот натпревар од Суперкупот. „Ливерпул и Барселона се меѓу странските екипи кои ги поддржувам. Но во Унгарија го поддржувам 'Ferencvaros'“, нагласи тој.
Натпеварот во Суперкупот на УЕФА кој ќе се одигра меѓу шпанскиот клуб Реал Мадрид и англискиот Манчестер Јунајтед, ќе се игра на осми август во Арената Филип Втори која има капацитет од 33.460 гледачи. Овој стадион беше пуштен во употреба во 1947 година, а последен пат беше реновиран во 2011 година.