Ercan Çakar
20 Јули 2020•Ажурирај: 21 Јули 2020
ИСТАНБУЛ
Екипата на турскиот прволигаш Медипол Башакшехир прв пат во историјата ја освои титулата првак на Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Башакшехир вечерва во претпоследното коло од Супер Лигата на Турција ја угости екипата Хес Кабло Кајсериспор. Во текот на утакмицата на стадионот „Фатих Терим" два пати имаше прекин на електричната енергија поради што натпреварот беше прекинуван. Завршен е со резултат 1:0.
Турскиот прволигаш стана првак на Турција со оглед на тоа дека второпласираниот Трабзонспор е поазен од Конјаспо на домашен терен со резултат 4:3.
Во 60. години постоење на Супер лигата на Турција, титулата првак на земјата успеаа да ја освојат само пет клубови, и тоа: Бешикташ, Фенербахче, Галатасарај, Трабзонспор и Бурсаспор.
Башакшехир ќе игра и финале на турскиот Супер куп против победникот на Зираат Купот на Турција, во чие финале ќе се состанат Трабзонспор и Аланјаспор.
Освен тога, Башакшехир продолжува да ниже успеси и во УЕФА Европа лигата, каде веќе зазеде место меѓу 16 најдобри екипи. Во првиот натпревар Башакшехир го победи Копенгаген со резултат 1:0, а реванш утакмицата ќе се одигра на 5 август.
Истанбул Башакшехир е млад клуб во однос на бројните турски клубови со традиција подолга од 100 години. Основан е во 1990 година, а неговиот основач е тогашниот градоначалник на Истанбул Нуретин Созен, односно Градот Истанбул.
Се до јуни 2014 година клубот делуваше во тие рамки како Истанбул Бујукшехир Беледијеспор, а од 2014 продолжува да делува надвор од Градската управа, односно како фудбалски клуб Истанбул Башакшехир. Домашните натпревари ги игра на стадионот „Фатих Терим" во истанбулскиот кварт Башакшехир.
Башакшехир во сезноната 1992-1993 година оствари пласман во 2. Лига на Турција а пет години подоцна во 1. Лига на Турција. Во 2006 година клубот го презема турскиот фудбалски стручњак Абдулах Авџи, кој со Башакшехир сезоната ја завршува како второпласиран на табелата, со што своето име го запишува во истоијата на клубот и прв пат го воведува во Супер лигата на Турција.
Абдулах Авџи го водеше Башакшехир практично се до 2019 година, кога го презеде Бешикташ, со исклучок од 2011 до 2013 година, кога беше селектор на репрезентацијата на Турција. Авџи без било каков сомнеж се смета за едно од најзаслужните имиња за успехот кој го оствари истанбулскиот клуб Башакшехир.