Şenhan Bolelli
20 Септември 2017•Ажурирај: 20 Септември 2017
МАДРИД (АА) - Шпанија започна операција насочена кон официјалните институции на власта во автономната област Каталонија, кои планираат на 1 октомври да одржат референдум за независност, и покрај тоа што шпанските власти го прогласија за незаконски, пренесува Anadolu Agency (AA).
Шпанска новинска агенција објави вест во којашто се наведува дека екипи на жандармеријата започнале операција по наредба на обвинителството, насочена кон институциите од областа економија, труд и социјална безбедност, финансиски работи и надворешни работи, кои се под контрола на автономното владино раководство на Каталонија.
Во националниот печат се појави веста во којашто се вели дека е приведен Жозеп Мариа Јове, помошник на заменик-претседателот на Каталонија и министерот за економија, Ориол Жункуерас.
Со цел да го спречи референдумот за независност закажан за 1 октомври, шпанската жандармерија во последниве денови ги интензивираше своите операции и во некои компании конфискуваше повеќе од 1,5 милиони документи и пропаганден материјал.