Murat Keleş
14 Јуни 2019•Ажурирај: 15 Јуни 2019
СКОПЈЕ
Репрезентацијата на Република Северна Македонија, според најновата ранг-листа на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), со пад за 5 места се најде на 73. место, јавува Anadolu Agency (AA).
На ранг-листата за месец јуни објавена на интернет-страницата на ФИФА, по двата пораза на домашен терен, од Полска со 0 : 1 и од Австрија со 1 : 4, репрезентацијата на Република Северна Македонија доживеа пад од 5 места, и од претходните 1.350 поени, во моментов, со 1.333 поени се наоѓа на 73. место на ранг-листата на ФИФА.
Репрезентацијата на Белгија, зголемувајќи го своето бодовно салдо за 9 поени, со 1.746 поени останува на лидерската позиција на листата на ФИФА. Покрај Белгија, своите места на листата ги задржаа Франција, Бразил и Англија, кои се на втората, третата и четвртата позиција.
Меѓу земјите од Балканот, најдобро пласирана е Хрватска, на 6. место. Следуваат Србија на 34-то, Турција на 37. место, Босна и Херцеговина на 39-то, Грција на 52. место, Црна Гора 53-то, Бугарија 57. место, Словенија 65. и Албанија на 66. место.
Следната ранг-листа на ФИФА ќе биде објавена на 25 јули. Според најновата ранг-листа, првите 10 репрезентации се:
| Место | Репрезентација | Поени | Измена на листата |
| 1 | Белгија | 1746 | - |
| 2 | Франција | 1718 | - |
| 3 | Бразил | 1681 | - |
| 4 | Англија | 1652 | - |
| 5 | Португалија | 1631 | +2 |
| 6 | Хрватска | 1625 | -1 |
| 7 | Шпанија | 1617 | +2 |
| 8 | Уругвај | 1615 | -2 |
| 9 | Швајцарија | 1605
| -1 |
| 10 | Данска | 1589 | -
|