Mutlu Demirtaştan
01 Декември 2016•Ажурирај: 02 Декември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - УЕФА соопшти дека во знак на почит кон играчите на екипата Шапекоенсе, коишто загинаа во авионската несреќа ќе одржи едноминутно молчење во натпреварите на Лигата на шампионите и Лигата на Европа, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на УЕФА се вели дека во натпреварите којшто ќе се одиграат следната недела во Лигата на шампионите и Лигата на Европа, ќе се одржи едноминутно молчење во знак на почит кон играчите што загинаа во авионската несреќа.
Во соопштението, каде што се наведува изјавата на претседателот на УЕФА Александар Чеферин, се истакнува дека авионската несреќа длабоко го потресе целиот фудбалски свет. „Ние како европски фудбал ја споделувме болката со Шапекоенсе, Бразилската фудбалкса федерација, Јужноамериканската фудбалска конфедерација (CONMEBOL) и со блиските на загинатите во несреќата“.