05 Август 2019•Ажурирај: 06 Август 2019
НИОН (АА) - Во седиштето на Европската фудбалска организација (UEFA) во швајцарскиот град Нион денес е извлечена ждрепката за паровите за доигрувањето во Лигата на шампиони, пренесува Anadolu Agency (AA).
Со извлекувањето одлучено е во плејофот да играат:
Динамо Загреб/Ференцварош - Марибор/Розенборг
Клуж/Селтик - Славија Прага
Јанг Бојс - Црвена Sвезда/Копенхаген
АПОЕЛ/Карабаг - ПАОК/Ајакс
Базел/ЛАСК - Клуб Бруж/Динамо Киев
Башакшехир/Олимпијакос - Краснодар/Порто
Првите мечеви од 3. претколо на распоредот се на 6 и 7 август, а реваншните дуели се играат на 13 август, додека натпреварите од плејофот ќе се играат на 20 и 21 август, а реваншите на 27 и 28 август.
Победниците преминуваат во групната фаза на Лигата на шампиони, а екипите што ќе бидат поразени ќе го продолжат натпреварувањето во Европа во групната фаза на Европската лига.