Hüseyin Burak Demirer
04 Август 2019•Ажурирај: 06 Август 2019
АНКАРА (АА) - Алжирецот Исмаел Бенасер официјално е новиот играч на италијанскиот прволигаш Милан, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од клубот е соопштено дека е постигнат договор со Емполи за трансферот и дека со Бенасер (21) е потпишан петгодишен договор.
Италијанските медиуми наведуваат дека висината на трансферот изнесува 16 милиони евра.
Бенасер играше за францускиот Арле, а пред Емполи играше и во У-23 во Арсенал.
Тој со репрезентацијата на Алжир ја освои титулата на Африканскиот куп на нациите 2019, на кој беше прогласен за најдобар играч на турнирот.