Doga Kirmizioglu
03 Август 2019•Ажурирај: 05 Август 2019
СКОПЈЕ
Во недела се одржува 12. трка од Светскиот шампионат во Формула 1, Голема награда на Унгарија. Од полпозицијата прв ќе тргне возачот на Ред Бул, Холанѓанецот Макс Верстапен, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Будимпешта, главниот град на Унгарија, во недела на патеката „Хунгароринг“ со должина од 4.381 метар возачите на формула 1 ќе се натпреваруваат кој најбргу ќе ги извози 70-те круга за пехарот на Унгарија.
Денеска на одржаната трка за полпозиции, најбрз беше возачот на Ред Бул, Макс Верстапен со време од 1.14,572. Второто место го освои возачот на Мерцедес, Финецот Валтери Ботас со време 1.14,590, додека третата полпозиција му припадна на актуелниот шампион во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон, возач на Мерцедес со време 1.14,769.
Трката за Големата награда на Унгарија започнува во недела, 4 август со почеток во 15:10 часот.