Yunus Kaymaz
22 Октомври 2021•Ажурирај: 24 Октомври 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Трката за Големата награда на САД, 17. трка сезонава во Формула 1, ќе се одржи во Остин, главниот град на американската сојузна држава Тексас, на патеката „Америка“, долга 5.513 метри. Утре со почеток во 23:00 часот е натпреварот за полпозициите. Возачите на Формула 1 в недела, на 24 октомври, со почеток во 21:00 часот по средноевропско време, ќе се натпреваруваат кој најбргу ќе ги извози 56-те круга на патеката за трофејот на Големата награда на САД, јавува Агенција Анадолија (АА).
На шест трки пред крајот на сезоната, Холанѓанецот Макс Верстапен, возачот на Ред Бул, кој се бори да го освои првото Светско првенство во Формула 1 во својата кариера, има 6 поени предност пред Луис Хамилтон, возачот на Мерцедес, кој го брка освојувањето на осмиот Шампионат во својата кариера.
Во пласманот на тимовите, Мерцедес, кој седум години едноподруго е шампион во Формула 1, има предност од 36 бода пред второпласираниот Ред Бул.
- Хамилтон е најуспешното име на патеката -
Луис Хамилтон, 36-годишниот возач на Мерцедес, е најуспешен возач во Формула 1 на трките за Големата награда на САД, 42. по ред, досега организирани на шест различни патеки.
Британецот, кој шестпати како победник се искачи на подиумот на трките за ГН на САД, својата 50. победа на оваа патека ја постигна во 2016 година, а во 2019 година, како второпласиран на трката, ја прогласи својата шеста шампионска титула во кариерата.
По Хамилтон следуваат Германецот Михаел Шумахер со 5 победи и Британците Грејам Хил и Џим Кларк со по 3.
Според севкупниот број на освоени титули во САД, тимот на Ферари има освоено 10 Гран-при.
- Победува возачот кој стартува од првата линија -
На сите осум трки одржани на патеката „Америка“, победа извојуваа возачите кои стартуваа од првите линии.
На четири од осум трки, возачите од полпозициите, а во другите трки, возачите што стартуваа од втората линија, како првопласирани минаа низ карираното знаме.
- Мерцедес со полпозиција на последните шест трки во САД -
Возачите на Мерцедес на последните шест трки за Големата награда на САД беа најбрзите имиња во квалификациите за полпозиции.
Нико Розберг ја освои полпозицијата во 2014 и 2015 година, Луис Хамилтон во 2016, 2017 и 2018 година и Валтери Ботас во 2019 година.
На првите две трки на патеката „Америка“ (во 2012 и 2013 година), полпозициите ги освои Германецот Себастијан Фетел, кој во тоа време беше возач на Ред Бул.
Преглед на првите пет позиции во пласманот на возачите и тимовите во Формула 1 пред Големата награда на САД:
Возачи:
- Макс Верстапен 262,5 бода
- Луис Хамилтон 256,5 бода
- Валтери Ботас 177 бода
- Ландо Норис 145 бода
- Серхио Перез 135 бода
Тимови:
- Мерцедес 433,5 бода
- Ред Бул 397,5 бода
- Мекларен 240 бода
- Ферари 232,5 бода
- Алпин 104 бода