Tuba Şahin
03 Август 2019•Ажурирај: 05 Август 2019
АНКАРА (АА) - Хари Мегваер официјално стана најскапиот одбранбен фудбалер во историјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Манчестер Јунајтед, Мегваер го доведе од Лестер за 87,3 милиони евра, со што е урнат досегашниот рекорд на Вирџил ван Дајк кој во јануари 2018 година од Саутхемптон премина во Ливерпул за 84,6 милиони евра.
Црвените ѓаволи со овој трансфер добија големо засилување во одбраната за наредната сезона.
Раководството на Јунајтед и претходно се обидуваше да го доведе Мегваер, но во тоа успеа дури сега. Клубот од Олд Трафорд се обиде да ја симне цената за 26-годишниот дефанзивец и англиски репрезентативец, но „лисиците“ не сакаа да попуштат.
Лестер во своите редови го доведе Мегваер во 2017 година од Хал за 13,7 милиони евра, а сега го урна светскиот рекорд со неговата продажба.
Мегваер за Лестер одигра 78 натпревари и постигна 5 погодоци и 3 асистенции. За репрезентацијата на Англија дебитираше во 2017 година, а досега има 20 настапи за Гордкиот Албион.
Кариерата ја започна во Шефилд Јунајтед во 2011 година, а три години подоцна премина во Хал Сити, за во 2015 година да потпише за Виган, од каде што премина во Лестер Сити.