Kerem Kocalar
24 Април 2017•Ажурирај: 24 Април 2017
ГАЗИАНТЕП (АА) - Чешкиот фудбалер на турскиот прволигаш Газиантепспор, Рајторал Франтишек, синоќа е пронајден мртов во својот стан во турскиот град Газиантеп, јавува Anadolu Agency (AA).
Рајторал не се појави на вчерашниот тренинг, ниту одговарал на телефонските повици од управата на клубот.
Откако претставниците на Газиантепспор со припадници на полицијата дошле до неговиот стан и беа принудени присилно да ја отворат вратата, пронајдено е телото на чешкиот фудбалер.
Според податоците од теренот, фудбалерот е пронајден обесен. Во врска со овој случај, започната е истрага.