Mutlu Demirtaştan
07 Август 2020•Ажурирај: 09 Август 2020
ИСТАНБУЛ
Мексиканецот Серхио Перез, возачот на Рејсин Поинт во Формула 1, по вторпат е позитивен на тестот на Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според веста објавена на интернет-страницата на Формула 1, на тестот пред 5. трка сезонава, Мексиканецот Перез бил позитивен на тестот на коронавирусот.
Поради позитивниот резултат на тестот, како и минатата недела, наместо Перез во болидот на Рејсинг Поинт ќе влезе Германецот Нико Хулкенберг.
Перез, кој беше позитивен на претходниот тест на Ковид-19, не настапи ниту на 4. трка сезонава за Големата награда на Британија.
В недела на 9 август повторно на патеката во Силверстон во Велика Британија ќе се вози 5. трка сезонава со почеток во 15:10 часот.