Admir Fazlagic
24 Јануари 2018•Ажурирај: 24 Јануари 2018
СКОПЈЕ (АА) - Ракометната репрезентација на Македонија загуби од репрезентацијата на Чешка со 25:24, во вториот натпревар од втората фаза на Европското ракометно првенство вечерва во Вараждин, пренесува Anadolu Agency (AA).
Со вечерашниот пораз, втор на ова Европско првенство во Хрватска, Македонија ги загуби шансите за висок пласман.
Иако во почетокот на натпреварот „црвено-жолтите“ играа добро, во понатамошниот дел од играта, посебно кон крајот на првото полувреме не реализираа неколку напади, што Чешките репрезентативци успеаја да го искористат и да ја намалат разликата.
Во последните пет минути во натпреварот Лазаров не погоди од пенал, а Чешка постигна гол за прво водство на натпреварот. До крајот на натпреварот двете репрезентации постигнаа по еден гол, со што беше заокружен конечниот резултат на натпреварот 25:24.
Втората групна фаза македонската репрезентација ја завршува утре со натпреварот против Данска.
Табела Група 2: Данска 6 бода, Шпанија 4, Германија 4, Чешка 4, Словенија 3, Македонија 3.