Ekipa
26 Јануари 2022•Ажурирај: 27 Јануари 2022
АРДАХАН (АА) – Турската натпреварувачка во уметничко лизгање, Иклим Шентунали, изведе перформанс на замрзнатото езеро Чилдир во источната турска област Ардахан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Настапот на спортистката Шентунали стана вирален на социјалните мрежи.
Сместено на границата на областите Ардахан и Карс, езерото Чилдир е второто по големина езеро во источниот дел на Анадолија, со површина од околу 123 квадратни километри.
Ледениот слој што го покрива езерото привлекува многу локални и странски туристи во регионот.