Doğa Kırmızıoğlu
18 Февруари 2021•Ажурирај: 19 Февруари 2021
АНКАРА
На првиот овогодишен тениски грен слем турнир, „Австралија опен“, познати се учесничките на женското финале, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во првиот полуфинален дуел, Јапонката Наоми Осака, трета носителка на турнирот, со 2:0 (6:3, 6:4) во сетови ја совлада Американката Серена Вилијамс, 10-тата носителка на турнирот и се пласира во финалето на „Австралија опен“.
Во вториот полуфинален натпревар, Американката Џенифер Бредли со 2:1 (6:4, 3:6, 6:4) во сетови ја совлада Чехинката Каролина Мучова и избори финале на „Австралија опен“.
Дваесет и петгодишната Бредли која минатата година учествуваше во полуфиналето на „УСА опен“, за првпат ќе игра во финалето на еден Опен турнир. Во финалето на „Австралија опен“ во женска конкуренција, американската тенисерка ќе се сретне со Јапонката Наоми Осака.