Mutlu Demirtaştan
07 Мај 2017•Ажурирај: 08 Мај 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Членот на американскиот олимписки тим, Стивен Холкомб, е пронајден мртов во својата соба во олимпискиот центар во Њујорк, јавува Anadolu Agency (AA).
Американскиот олимписки комитет ја потврди веста за смртта на 37-годишниот Холкомб, член на златниот боб четворосед од Олимпијадата во Ванкувер.
Холкомб е пронајден мртов синоќа, во својата соба во олимпискиот комплекс во „Lake Placid“ (Лејк Пласид) во којшто тренирал.
Деталите за неговата смрт се предмет на покренатата истрага.
Челникот на Американскиот олимписки комитет Скот Блекмен, изјави дека неговата смрт била тешка вест за целото олимписко семејство, и упати порака со сочуство до неговото семејство.