спорт

Милан сака да го купи Фабрегас од Челзи

- Наводно, Фабрегас на раководството на „сините“ им рекол дека сака да игра повеќе, а во исто време Милан му понуди договор од 4 милиони евра годишно

Dejan Maksimoviç  | 06.12.2018 - Обновена : 06.12.2018
Милан сака да го купи Фабрегас од Челзи

MIlano

МИЛАНО (АА) - Според тврдењата на италијанските медиуми, фудбалскиот клуб Милан на шпанскиот фудбалер Сеск Фабрегас му понудил двегодишен договор, јавува Anadolu Agency (AA).

Истиот извор наведува дека продолжуваат преговорите меѓу Милан и Дарен Диен, агентот на играчот од средниот ред на лондонскиот клуб Челзи. Наводно, Фабрегас на раководството на „сините“ им рекол дека сака да игра повеќе, а во исто време Милан му понуди договор од 4 милиони евра годишно.

Меѓутоа, најголем проблем претставува договорот за висината на обештетувањето, бидејќи Челзи од Милан бара 12 милиони евра, што за „росоњерите“ е неприфатлива цена. Особено ако се има предвид фактот дека на крајот од сезоната, на Фабрегас му завршува договорот со клубот од Лондон. Тоа значи дека во јануари следната година, Шпанецот ќе има право да преговара со клубовите надвор од Англија и да потпише преддоговор.

Фабрегас во текот на својата кариера играше за Арсенал, Барселона и Челзи.

За лондонските „сини“, чиј дрес го носи од летото 2014 година, одигра 193 натпреварувачки средби и постигна 22 погодоци. За репрезентацијата на Шпанија настапи 110 пати, постигнуавјќи 15 погодоци.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın