Mutlu Demirtaştan
09 Декември 2018•Ажурирај: 10 Декември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Во американската професионална кошаркарска лига НБА, тимот на Кливленд Кавалирс, во кој игра турскиот репрезентативец, охриѓанецот Џеди Осман, на домашен терен го совлада Вашингтон Визардс, јавува Anadolu Agency (AA).
Синоќа се одиграа 9 натпревари во НБА. Кливленд Кавалирс го совлада Вашингтон Визард, со резултат 116:101. Охриѓанецот Џеди Осман започна како стартер на натпреварот, поминувајќи 39 минути и 25 секунди на теренот. Во својот настап за Кавалирс, тој постигна 12 поени, 2 скока, 2 асистенции и 1 блокада.
Најголем придонес во шестата победа на Кавалирс сезонава, дадоа Колинс Секстон со 29 поени, 6 асистенции и 3 скока, Тристан Томсон со дабл-дабл од 23 поени и 19 скока.
Во редовите на Визардс најпрецизни беа Бредли Бил со 27 поени и Џеф Грин со 17 поени, но не успеаја да го спречат 15. пораз на својот тим сезонава.
- Победа на Селтикс со најголема разлика во клупската историја
Бостон Селтикс на гостински терен успеа да го совлада Чикаго Булс, со резултат 77:133, извојувајќи ја најубедливата победа во историјата на клубот, со разлика од 56 поени.
Претходно победа со највисока разлика Бостон имаше извојувано во далечната 1962 година против Вориорс, од 153:102, со разлика од 51 поен. Истовремено Булс го претрпе најтешкиот пораз во својата историја.
Селтикс дојде до својата 15. победа сезонава, 5-та едноподруго. Најпрецизни во редовите на Селтикс беа Џејлен Браун со 23 поени и 5 скока, Даниел Тајс со дабл-дабл од 22 поени и 10 скока.
Булс го претрпе 21. натпревар сезонава. Најпрецизни во редовите на Булс беа Харисон, со 20 поени и Зек Лавин, со 11 поени.
Вечерва се играат 4 натпревари.
Детроит Пистонс - Њу Орлеанс Пеликанс
Торонто Рапторс - Милвоки Бакс
Сан Антонио Спарс - Јута Џез
Њујорк Никс - Шарлот Хорнетс
- Резултати
Далас Маверикс - Хјустон Рокетс 107:104
Индијана Пејсерс - Сакраменто Кингс 107:97
Атланта Хоукс - Денвер Нагетс 106:98
Кливленд Кавалирс - Вашингтон Визардс 116:101
Њујорк Никс - Бруклин Нетс 104:112
Чикаго Булс - Бостон Селтикс 77:133
Мемфис Гризлис - Лос Анџелес Лејкерс 88:111
Портланд Блејзерс - Минесота Тимберволвс 113:105
Лос Анџелес Клиперс - Мајами Хит 98:121