Dejan Maksimoviç
14 Декември 2018•Ажурирај: 17 Декември 2018
НИОН (АА) - Европската фудбалска федерација (УЕФА) го казни италијанскиот клуб Милан со 12 милиони евра и условна едногодишна забрана за настап во европските натпреварувања поради кршењето на финансискиот ферплеј, пренесува Anadolu Agency (AA).
Телото за финансиска контрола на клубовите (CFBC) на УЕФА во соопштението прецизира дека 12 милиони евра ќе бидат наплатени од овосезонските приходи на Милан во Лига Европа, како и одлуката, според која, клубот во наредните 2 сезони нема да може да регистрира повеќе од 21 играч.
Исто така, во соопштението се нагласува дека едногодишната забрана за настап во натпреварувањата на УЕФА ќе стапи во сила доколку Милан до 2021 година ги прекрши правилата за финансиски ферплеј.
Претходно италијанскиот клуб одби доброволен и договор за порамнување, по што УЕФА го исфрли од европските натпреварувања. Но Милан се жалеше до Арбитражниот суд за спорт, а случајот е вратен до Телото за финансиска контрола на клубовите, кое денеска изрече нова казна.
Во меѓувреме „Елиот менаџмент“ („Elliott Management“) ја презеде сопственоста над клубот од Ли Јонгхонг, чие управување со клубот и доведе до кршење на правилата за финансиски ферплеј.
Милан по синоќешниот пораз од Олимпијакос во Атина со резултат 1 : 3 го зазеде третото место во групата Ф и испадна од понатамошното натпреварување во Лига Европа.