Bakir Tiro
20 Јануари 2017•Ажурирај: 21 Јануари 2017
САРАЕВО (АА) - Со месеци зборувам дека семејството на Михаел Шумахер не кажува сѐ за неговата здравствена состојба. Треба да го прекинат молкот и на милионите фанови да им соопштат за што се работи, рече Вили Вебер, поранешен менаџер на Шумахер, кој го следеше од помладите денови и со кого тој ги освои сите седум шампионски титули во Формула 1.
Како што пренесува Anadolu Agency (AA), Вебер вели дека семејството на Шумахер не сака да го послуша советот и дека се чувствува како да ја удира главата од ѕид.
„Секој пат кога ми ѕвони телефонот се надевам дека е Михаел, да го прашам како е“, вели Вили Вебер, поранешен менаџер на Михаел Шумахер, седумкратниот шампион во Формула 1.
Михаел Шумахер беше сериозно повреден во падот при скијање на 29 декември 2013 година во Франција. Оттогаш е прикован за постела и според сите досегашни информации, тој е во многу лоша состојба, така што неизвесно е дали некогаш ќе успее да се опорави.