Adel Ömeragiç
23 Март 2017•Ажурирај: 24 Март 2017
ПОДГОРИЦА (AA) - Владата на Црна Гора денес донесе конечна одлука за новото работно време за службата на државната администрација. Така, од понеделник, 27. март, вработените во министерствата, управите, дирекциите и во останатите институции на државната администрација ќе работат од 7 до 15 часот, јавува Anadolu Agency (AA).
Институциите на државата досега работеле од 9 до 17 часот. Пред три години, иницијативата за промена на работното време ја започна тогашниот министер за внатрешни работи, Рашко Коњевиќ.
Повеќе од 300 службеници на Министерството за внатрешни работи (МВР) се изјаснија за поинакво работно време, со образложение дека тоа ќе придонесе за поефикасно извршување на работите, но и за зачувување на семејството како основна клетка на општеството.
На основа, на анкетата што беше спроведена меѓу вработените во државната администрација, повеќето се изјаснија дека ја поддржуваат иницијативата за менување на работното време.