Tevfik Durul
04 Февруари 2016•Ажурирај: 05 Февруари 2016
ШАНГАЈ (АА) - Кинеската влада соопшти дека ќе ги продолжи викенд паузите на работниците во два и пол дена, така што луѓето ќе можат повеќе време да поминат со нивните семејства, јавува Anadolu Agency (AA).
Канцеларијата за туризам на Кина соопшти дека мерката за продолжен викенд ќе стапи на сила ова лето, и дека луѓето ќе имаат повеќе време да се посветат на семејството и почесто да ги посетуваат роднините кои живеат во различни делови на земјата.
Продолжен викенд како пилот проект веќе е воведено во три региони - Северен Хебеи, Јужен Јиангсу и Чонгкинг во централните делови на земјата.
Во овие региони викенд одморот на вработените во јавните и приватните компании почнува во петокот на пладне, а на работа се враќаат во понеделникот наутро.
Семејството зазема важно место во системот на општествените вредности во Кина. Властите од најнаселените земји во светот во 2014 година воведе одредба дека работодавците мора да им одобрат дополнителни денови на вработените кои имаат стари и изнемоштени членовите во семејството.