Dildar Baykan
16 Септември 2017•Ажурирај: 17 Септември 2017
АНАКАРА (АА) - Бегајќи од насилството што се спроведува минатите седмици во Мјанмар, араканските муслимани по девет дена во бегство, прв пат при доаѓањето на територијата на Бангладеш, повторно имаа прилика да јадат, јавува Anadolu Agency (AA).
За време на целиот пат од Мјанмар до Бангладеш имаше многу семејства кои немаа храна, а овие денови потресните драми на араканските муслимани на патот за спасот се објавени и на социјалните мрежи.
Членовите на едно од овие семејства велат дека девет дена не јаделе ништо освен листови кои ги наоѓале во шумите.
„Денес успеавме да најдеме малку ориз", порачаа членовите на ова араканско семејство.
Претседателот на Европскиот совет на Рохинџа (ХРЦ), Хла Киав, најави дека е потребна итна помош во храна за жителите на петте села во Мијанмар, кои се под интензивни напади на војската и Будистите.
„Овие села се целосно изолирани, затворени за влез и излез. Помош таму не доаѓа," истакна Киав. Тој повика хитно да им се помогне на луѓето во овие села кои се соочуваат со глад.
Рохинџите веќе со години се најзагорзените етнички малцинства во светот, а веќе неколку недели се соочуваат со новиот бран на насилството во мијанмарската област Aракан.
Под изговорот на борбата против милитантни групи, мјанмарската армија во последните неколку денови уништи најмалку 60 муслимански села, од кои околу 400.000 жители беа принудени да побегнат кон соседен Бангладеш.
Поради фактот што во кризниот регион нема претставници на меѓународни организации, не може да се зборува за прецизниот биланс на страдањата во нападите на муслиманските населби.
Локалните невладини организации објавуваат дека се работи за илјадници убиени луѓе.