Özüm Yalkın
25 Ноември 2016•Ажурирај: 26 Ноември 2016
АНКАРА (АА) - Министерството за надворешни работи на Турција ги осуди нападите од минатиот месец, во коишто загина 9 припадици на безбедносните сили во севериот дел на областа Аракан, во Мјамар и повика страните да дејствуваат на разумен начин, јавува Anadolu Agency (AA).
Во писменото соопштение од министерството се истакнува дека чувствуваат длабока загриженост поради цивилните загуби и ескалацијата на тензиите во регионот и дека ги осудуваат сите насилни дејствија кон невините луѓе.
Исто така, се повикуваат сите страни да се однесуваат разумно со цел да не дојде до нови етнички и верски конфликти:
„Ја повикуваме меѓународната заедница да преземе дејства за цивилното население да не биде оштетено. Исто така, и институциите на Мјанмар ги повикуваме на максимална соработка со меѓународните организации.
Ги повикуваме да ги отстранат пречките за доставување на хуманитарната помош и да се даде дозвола за спроведување на истрага од страна на независни набљудувачи за кршењето на човековите права. Ние сме подготвени за сите видови помош, со цел да се нормализира состојбата во регионот“.
Во соопштението од Министерството за надворешни работи на Турција се наведува дека заменик-министерот за надворешни работи, амбасадорот Ахмет Јилдиз го актуализирал ова прашање на вонредниот состанок на Исламската организација за соработка (ИИТ), кој се одржа на 17 ноември во Џиде, и дека очекуваат прашањето да биде следено преку контактната група.