Qays Abu Samra,Gülşen Topçu
25 Ноември 2016•Ажурирај: 25 Ноември 2016
РАМАЛА (АА) - Поради пожарот што брзо се шири низ земјата, Израел побара меѓународна помош со цел да се спречи и да се изгасне пожарот. На повикот одговори и Управата за цивилни работи на Палестина, која за таа цел на располагање ги стави своите екипи, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Управата за цивилни работи на Палестина се вели дека екипите се оспособени за сузбивање и гаснење пожари и се на располагање на израелските власти.
Портпаролот на Владата на Израел, Офир Генделман, претходно на својот профил на Твитер објави дека неговата земја побарала меѓународна помош со цел да се изгасне пожарот. Тој наведе дека меѓу земјите што се отповикале се Грција, Хрватска, Италија и Русија. Овие земји во Израел ќе испратат вкупно десет канадери, авиони специјализирани за гаснење пожари.
Пожарите на 22 ноември се распламтија на повеќе места во Израел. Забележани се вкупно 13 жаришта, вклучувајќи го и подрачјето околу Ерусалим. Сѐ уште не е позната причината за пожарот, но некои израелски медиуми наведуваат шпекулации дека е можно тие да се подметнати.
Поради силниот ветер, пожарите се шират со голема брзина.