Балкан

Во Скопје организиран протест за поддршка на палестинскиот народ

Протестот започна со една минута молчење, а студентите држеа транспаренти со пораки за поддршка на Палестинците

Dzihat Aliju  | 07.10.2025 - Обновена : 07.10.2025
Во Скопје организиран протест за поддршка на палестинскиот народ Фото: Umeys Sulejman/AA

СКОПЈЕ (АА) - Во Скопје, студентите на Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ) одржаа протест поради геноцидот што Израел го спроведува во Газа од 8 октомври 2023 година, јавува Анадолу.

Студенти и академската фела на универзитетот учествуваа во протестот што се одржа на кампусот на ИБУ.

Протестот започна со една минута молчење, а студентите држеа транспаренти со пораки за поддршка на Палестинците.

Зборувајќи на настанот, ректорот на ИБУ, проф. д-р Љутфи Сунар, ја нагласи важноста на протестот, велејќи: „Нашите студенти застанаа покрај невините луѓе од Газа со сета нивна чувствителност. Денес можеме само да ги осудиме овие злосторства против човештвото.“

Сунар истакна дека со денешното обединување тие имаат цел да покажат дека поддржуваат слободна Палестина и Газа.

Студентката Шеввал Арпачи рече дека Палестина повеќе не е само име на карта туку тест за човештвото. „Секој ден гласот на мајката, стравот на детето и скршените соништа на младиот човек стигнуваат до нашите уши. Во оваа тишина мора да се запрашаме: Колку од тоа навистина слушаме?“, рече таа.

Студентот Бленди Зеќири рече дека денес се собрале со еден глас, едно срце и една цел. „Образованието не е ограничено само на книги и испити туку станува збор и за хуманизам, емпатија и храброст за одбрана на човековите права“, рече тој.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.