Dzihat Aliju
03 Март 2026•Ажурирај: 03 Март 2026
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во касарната „Илинден“ во Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална посета на Северна Македонија, јавува Анадолу.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.
Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што Северна Македонија го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.
За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Северна Македонија во рамки на Алијансата, генерал-мајор Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на Руте.
На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.