Abdullah Aşıran
23 Декември 2017•Ажурирај: 24 Декември 2017
ХАГ (АА) - Премиерот на Холандија, Марк Руте истакна дека сеуште постојат ладни односи меѓу неговата земја и Турција, и додаде: „Мислам дека подобрување на односите ќе биде добро“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Руте во интервју за холандскиот весник, Де Телеграф, се осврна на односите на Турција и Холандија.
„Мислам дека подобрување на односите ќе биде добро. Турција е партнер на НАТО. Моментално во двете држави нема амбасадори. Значи, тоа што го доживеавме не беше театар", истакна холандскиот премиер.
Руте додаде дека со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, седнале на иста маса на Самитот Г20 во Хамбург, но не комуницирале, и рече дека имаат соработка на министерско ниво.
Холандската влада во март оваа година ја спречи посетата на турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, и министерката за социјална политика Фатма Бетул Каја со турската заедница во оваа земја.
На министерката не и беше дозволено да влезе во турскиот генерален конзулат во Ротердам, а потоа нејзините телохранители беа приведени. Минситерката Каја беше принудена да оди во Германија.
Турското министерство за надворешни работи побара од нивниот амбасадор во Холандија извесно време да не се враќа на таа фукција.