Ömer Aydın
23 Декември 2017•Ажурирај: 24 Декември 2017
ПАРИЗ (АА) - Поради зголемената закана од тероризам во Франција за време на празниците Божиќ и Нова Година ќе се ангажираат околу 100.000 припадници на безбедносните сили, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Министерството за внатрешни работи на земјата велат дека е зголемен ризикот од терористички напади за време на празниците и дека со цел да се осигура безбедноста и на француските граѓани и туристите, одлучено е да се зголеми бројот на полициските сили во однос на претходната година.
За време на Божиќ, како што е потврдено од страна на Министерството за внатрешни работи, ширум земјата од безбедносни причини, ќе бидат мобилизирани 54.000 полицајци, 36.000 припадници на жандармеријата и повеќе од 7.000 војници.
Дополнителни безбедносни мерки се преземени на места каде што за време на божиќните и новогодишните празници е зголемен бројот на туристи.
Министерството потсети дека напаѓачите претходно ги бирале местата со најголема гужва. Во овој поглед, мерките на безбедност се зголемени во познатите туристички локалитети, како што се Нотр Дам, Лувр и Ајфеловата кула.
Како дел од новите мерки, во катедралата Нотр Дам, која е посетена од 13 милиони луѓе годишно, ќе биде превземена тростепена контрола. Ќе бидат поставени бариери околу катедралата, посетителите постепено ќе влегуваат а возилата ќе бидат скенирани.
Во Франција, во терористички нападот во 2015 година беа убиени 241 лице.