свет

Француското Министерство за трговија побара од ЕУ да премине во акција против Турција

„На следниот состанок на Европскиот совет, Европа ќе биде принудена да донесе одлуки кои ќе ѝ овозможат консолидација на рамнотежата на силите во однос на Турција, со цел подобра заштита на своите интереси и вредности“

Alaattin Doğru  | 28.10.2020 - Обновена : 29.10.2020
Француското Министерство за трговија побара од ЕУ да премине во акција против Турција

ПАРИЗ (АА) - Франк Ристер, францускиот државен министер одговорен за надворешна трговија, изјави дека Европската Унија (ЕУ) е принудена на следниот самит да направи чекор против Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).

Министерот Ристер во својот говор пред француските пратеници изјави дека Франција и Европската Унија се единство.

„На следниот состанок на Европскиот совет, Европа ќе биде принудена да донесе одлуки кои ќе ѝ овозможат консолидација на рамнотежата на силите во однос на Турција, со цел подобра заштита на своите интереси и вредности“, истакна Ристер, не давајќи детали околу оваа одлука.

Следниот состанок на Советот на Европа ќе се одржи на 10-11 декември во Брисел.

Ристер во изјавата што ја даде за радио „Ер-те-ел“ (RTL) реагирал на повикот на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, за бојкот на француските производи, додавајќи дека бојкотот на турските производи не се наоѓа на нивната агенда.

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Франција, Агнес фон дер Мил, побара да се запрат повиците и постапките за бојкот на француските производи во арапските земји.

Додека во исламскиот свет продолжуваат реакциите на антиисламските изјави на Макрон, истовремено се зголемуваат повиците за бојкот на француските производи.

Голем број земји, меѓу кои се Турција, Катар, Кувајт, Алжир, Судан, Палестина, Сенегал и Мароко, започнаа активности за бојкот на француските производи.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.