Selen Valente Rasquinho
26 Јуни 2024•Ажурирај: 28 Јуни 2024
БРИСЕЛ (АА) - Холандскиот премиер Марк Руте, кој е назначен за генерален секретар на НАТО, им се заблагодари на сојузниците за поддршката и изјави дека со нетрпение очекува да ја преземе функцијата на 1 октомври, јавува Анадолу.
„Голема чест е да се биде назначен за генерален секретар на НАТО“, напиша Руте на социјалните мрежи.
Тој посочи дека сојузот бил и ќе остане камен-темелник на колективната безбедност.
„Водењето на оваа организација е одговорност што не ја сфаќам несериозно. Благодарен сум им на сите сојузници што ми ја дадоа довербата. Со нетрпение очекувам да ја преземам оваа позиција како наследник на Јенс Столтенберг, кој обезбеди извонредно лидерство на НАТО во изминатите десет години“, рече Руте.
Организацијата на Северноатлантскиот договор одлучи да го именува холандскиот премиер Марк Руте за следен генерален секретар на НАТО, на местото на Јенс Столтенберг.
Руте ќе ја преземе функцијата генерален секретар на 1 октомври, кога му истекува мандатот на Столтенберг по десет години на чело на НАТО.
Столтенберг го поздрави назначувањето на Руте и му посака успех.
„Марк е вистински трансатлантски, силен лидер и создавач на консензус“, објави Столтенберг на социјалната мрежа X.