Fuat Kabakçı
25 Ноември 2016•Ажурирај: 26 Ноември 2016
ПЕКИНГ (АА) - Според најновите информации, најмалку 74 лица загинаа, по пропаѓањето на платформата на градилиштето на електричната централа во јужната кинеска област Jiangxi, јавува Anadolu Agency (AA).
Кинеската новинарска агенција Синхуа јави дека бројот на жртвите на градилиштето на електричната централа, каде што вчера падна кулата за ладење, се зголеми на 74.
Спасувачките екипи работат за да се извлечат телата, а досега тие дојдоа до 68. Се наведува дека е идентификувано телото на најмладиот работник кој имаше 23 години и најстариот 53 години.
Потрагата за останатите тела продолжува.
Несреќата се случила вчера околу седум часот по локално време.