Fuat Kabakçı
25 Ноември 2016•Ажурирај: 26 Ноември 2016
ПЕКИНГ (AA) - Земјотрес со јачина од 5,5 степени по Рихтеровата скала го потресе истокот на Тајван, јавува Anadolu Agency (AA).
Државниот сеизмолошки центар на Тајван потврди дека во пет часот и 55 минути по локално време дојде до земјотрес со јачина од 5,5 степени по Рихтеровата скала, со епицентар во источната покраина Хуалиен.
Наведено е дека земјотресот е забележан 70,9 километри источно од Хуалиен.
Тајванските медиуми не наведоа дека во земјотресот има загинати ниту ранети.