Zuhal Demirci
04 Ноември 2016•Ажурирај: 05 Ноември 2016
АНКАРА (АА) - Министерството за надворешни работи на Турција ја осуди одлуката за случајот кој се води против 36 лица во Белгија, во рамките на истрагата против терористичката организација ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од министерството во врска со судскиот случај за ПКК кој се одвива во Белгија, се наведува: „Федералното обвинителство на Белгија го одбило барањето да се префрли во Кривичниот суд, судската постапка против 36 физички и правни лица, членови на ПКК и жители на Белгија, за која одделението за истраги во 2010 година започна истрага".
Во соопштението се вели дека оваа одлука е показател за непринципиелниот став кон борбата против тероризмот и дека таа покажува на менталитетот поради кој терористите на ПКК досега имаа можност слободно да ги извршуваат своите активности во Белгија. Затоа оваа одлука се осудува.
Во соопштението се додава и дека се бара белгиското судство без задоцнување да направи вистински чекори и да ја исправи направената голема грешка во врска со процесот, кој се води од 2010 година досега, а не е во согласност со принципите на правото.
Федералното обвинителство има право на жалба
Во случајот беа обвинети припадници на ПКК затоа што киднапирале деца и млади лица од своите семејства во Белгија и од западноевропските земји, кои потоа се обучувани во камповите во Белгија, Грција и Ирак, понатаму, за фалсификување на документи, како и изнудување пари.
И покрај тоа што не ги зема предвид терористичките активности, белгискиот суд на денешната седница донесе одлука според која киднапирањето на мали деца, нивно лишување од слобода и заканите по живот од страна на водачите и припадниците на ПКК не претставува терористички акт и дека користењето оружје, не може да се смета во рамките на терористичкиот криминал.
ПКК се наоѓа на листата на терористички организации во Европа. Листата важи и за Белгија.
Може да се поднесе жалба на одлуката на белгискиот суд.